Сутерен.мк

5 воини сами против армии!

Иако, повеќето и самите загинале при овие подвизи, нивното херојство и денес е ненадминато!

  • Анибал Милхаис

Тој е најодликуваниот португалски војник од Првата светска војна. Во текот на операцијата „Џорџета“ останал сам бранејќи ја позицијата од германскиот напад само со својот митралез.

  • Осамениот Викинг

Анонимниот Викинг во 1066 година (при викиншката инвазија на Англија), во борбата на мостот Стамфорд сам им се спротиставил на стотици противници. Притоа убил 40 англиски војници.

  • Бенџамин Луис Соломон

Полската болница на овој американски хирург за време на битката за Сајпан (војната на Пацификот) е жестоко нападната од јапонските војници. Одбивајќи да ги напушти ранетите сам убил околу сто непријателски војници.

  • Џон Е. Мекини

Во текот на битката за Филипини, јапонските војници го фатиле Џон на спиење. Успеал некако да ја дофати својата пушка и убил над 40 од напаѓачите, со што ги натерал на повлекување.

  • Семпроние Денс

Во првиот век од новата ера, овој центурион станал член на преторијанската гарда на царот Галба. Историјата го памети по неверојатната храброст со која го бранел својот цар до последниот здив, дури и кога сите негови соборци го напуштиле и се свртеле против него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us