Сутерен.мк

5 митови за веганите

За луѓето кои се откажале од производите од животинско потекло се шират разни приказни. Која е вистината?

  • Веганството е мода

Понекогаш е навистина така. Голем број на млади луѓе трагаат по себеси, па еден ден се вегани кои јадат сирова храна, а веќе следниот членови на клубот на љубители на моцарела. Сепак, повеќето стануваат вегани од идеолошки причини: гледаат на животните како на живи суштества рамноправни со човекот!

  • Веганите припаѓаат на секта

Веганството не е вид на религија. Строгиот облик на вегетаријанството претставува начин на живот што ги исклучува сите производи од животинско потекло. Освен ова, веганите по ништо не се разликуваат од останатите луѓе. (Освен што одредени знаат да бидат страшно здодевни со нивното „аргументирање“ зошто да не се јаде месо.) Меѓу нив е популарно бавењето со источните вештини, но тоа секако, нема врска со никакви секти.

  • На веганите им е загрозено здравјето

Во медицината се уште нема едногласно мислење околу ова. Некои експерти сметаат дека неоходно е конзумирањето на млеко и јајца, а други пак, дека доколку е внимателно организирано менито, веганите можат да си ги обезбедат сите потребни аминокиселини. Како и да е, меѓу веганите има и успешни спортисти, научници, уметници…

  • Тие се лути екстремисти

Веганите си осигураа репутација на психотични луѓе кои рушат продавници за кожа и истураат боја врз девојките во бунди. Такви работи се случуваат, но ги пправат членови на радикални организации за заштита на животните. Не се сите вегани членови на вакви друштва. Повеќето се обични луѓе, кои не му ги наметнуваат никому своите вредности. Сепак, коректно е да се каже и дека не се ни подобри луѓе од месојадците – сите сме луѓе, само со различни погледи на светот.

  • Исхраната им е еднолична

Доколку самиот веган не си ја ограничи исхраната само на сирова храна или само на локални производи, изборот на продукти секако дека е разновиден. За нивните рецепти се користат намирници што повеќето луѓе не ги ни забележуваат во маркетите како гриз, хумус, кокосово млеко, мешунки, зрна, зачини, разни билки… Накусо, она што месојадите го сметаат за прилог обично за веганите е главно јадење со кое многу експериментираат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *