Сутерен.мк

Постојат ли духови?

Секако, дека да. Ама сега, од што се се тие предизвикани…

Електромагнетни полиња

Канадскиот невронаучник Михаил Персинџер со децении го истражувал влијанието на електромагнетните полиња врз човечката перцепција, претпоставувајќи дека пулсирачките магнетни полиња можат да креираат „атмосфера“ за луѓето да почувствуваат нечиеприсуство во просторијата.

Персинџер ги проучувал луѓето восвојата лабораторија користејќи ја „Божјата кацига“и открил дека одредени обрасци од слаби магнетни полиња од 1љ5 до 30 минути над нечија глава, можат да и предизвикаат на таа личност чувство на невидлива присутност во собата.

И други научници потврдиле дека местата што се сметаат за „проколнати“ често имаат необични магнетни полиња.

Инфразвук

Инфразвук е звук со длабока фреквенција што човековото уво не може да ја почувствува. Вибрациите на ниската фреквенција можат да предизвикаат различни неудобности. Научниците откриле дека вревата во ниски фреквенции (турбини, сообраќај…), можат да предизвикаат дезориентација, паника, тахикардии …

Јаглен – моноксид

Односно, труењето со него. Докторот Х. Вилмер во 1921 година ја објавил чудната приказна за семејство кое живеело во проколната куќа: ги опседнувале духови, мебелот се преместувал, имало чудни гласови и присуство на призраци…

Случајот е влезен во стандардната медицинска литература, а причините за „натприродното“ биле едноставни: неисправната печка го исполнила домот со јаглен – моноксид, кој предизвикал слушни и визуелни халуцинации. По поправањето на печката, семејството продолжило да живее спокојно – без духови.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *