Најфреквентниот граничен премин помеѓу САД и Канада е делумно затворен, бидејќи канадските возачи на камиони блокираа неколку ленти во знак на протест против ковид мерките!
Имено, камионџиите вчера го блокирале мостот Амбасадор што ги поврзува Виндзор во Канада и американскиот Детроит во Мичиген.
Околу 75 отсто на вкупниот извоз на Канада оди во САД, а преку мостот Амбасадор дневно поминуваат и до осум илјади камиони односно, дури триесет проценти од извозот поминува низ него.
Канадската полиција соопшти дека бил блокиран и преминот во Алберта.