Археолози открија оловен саркофаг и насликани фрагменти под денешното ниво на подот на катедралата Нотр Дам. Откритието најверојатно нуди нов увид во историјата на ова здание од 12-ти век, коешто во мигов се реконструира по катастрофалниот пожар од 2019 година.
Од Националниот археолошки институт на Франција, објаснија дека тоа го откриле со мала камера:
-Внатре таа детектира остатоци од ткаенина и органска материја, влакна и остатоци од растенија. Фактот што растенијата се сѐ уште таму, укажува дека содржината е многу добро сочувана. Археолозите веруваат дека саркофагот веројатно припаѓал на некој висок големец и потекнува од 14 век, што доколку се потврди, би било спектакуларно откритие.
Истражувањата продолжуваат на 25 март.