Сутерен.мк

Во чест на Јован Котески

Чествување на поетот Јован Котески се одржа денеска напладне во спомен – собата на Миладиновци во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, по повод 90 години од неговото раѓање…

За делото на големиот македонски поет, беседа одржа проф. д-р Кристина Николовска, а делови од неговата поезија интерпретираше актерот Теоман Максут.

Котески е роден во струшкото село Присовјани на 14 јануари 1932 година. Починал на 12 јули 2001 година во Скопје. Работел како новинар во Радио Скопје, бил претседател на Советот на СВП,член на Македонскиот ПЕН центар, член на ДПМ од 1958 година. На 2 септември 1985 година, од комунистичкиот режим е уапсен во својот дом во Скопје и е осуден на петгодишна робија, под обвинение за илегално работење на уривање на Југословенската федерација и создавање независна македонска држава. Автор е на 27 книги поезија и добитник е на наградите „Кочо Рацин“, „Нарциса“ , „Ацо Шопов“, „Григор Прличев“ и „Браќа Миладиновци“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *