После варењето, јајцата не треба да се чуваат на собна температура повеќе од два часа, Најдобро е да се стават во фрижидер, спакувани во картонска и пластична затворена кутија и тоа на сталажите, а не во вратата.
Можеби ќе забележите после извесно време непријатен мирис отворајќи го фрижидерот, но тоа е сосема безопасно и нормално. Амрзнување на варени јајца не е препорачливо, бидејќи стануваат жилави и воденести, па не се баш пријатни за јадење.
За најдобар квалитет јајцата треба да се олупени и спакувани во добро затворен сад (во ладилникот, секако) во кој има и влажна салфетка, за да не се исушат.
Доколку жолчката на тврдо вареното јајце е со зеленкасто – сива боја не треба да се грижите. При долго варење таа боја е сосема нормална.
Тврдо варените јајца (излупени или не) можат безбедно да се чуваат во фрижидерот повеќе од една седмица. Се додека на нивната лушпа (или белка) не е формирана слузава или кредаста содржина, добри се за конзумација.