Дали и колку ја скратувате косата нема никакво влијание врз нејзиниот раст. Отстранувањето на испуканите врвови има влијание врз нејзиниот изглед и цврстина, но не и врз растењето – неговиот ритам го диктираат фоликулите на кожата на главата, а не врвовите на влакната.
Со кубењето на белите влакна ќе го оштетите коренот на косата и не, нема да никнат повеќе побелени влакна.
Од време – на време треба да се менуваат производите за нега на косата за таа да не се навикне на нив, а со тоа производите да изгубат на ефикасност.
Шампонот е детерѓент, па што повеќе го користите, толку се поактивни лојните жлезди. Не слушајте што ви зборуваат локалните третокласни фризерки од разни „академии за бербери“. Светските експерти, како Николас Валдорф, велат дека косата треба да се мие на три или четири дена. Колку почесто ја миете, таа ќе станува се помрсна.
Кога шампонот ќе направи многу пена значи дека косата е чиста. Сепак, подобро е да не дојдете до степен на премногу пена односно, да остане малку себум, кој е добар за заштита на косата. Повторно значи, не ги слушајте македонските „академски“ фризери кои ве советуваат за безмилосно миење на скалпот.