Сутерен.мк

Здодевни луѓе

Фејсбук с(р)еќавања…

Ме среќава денеска еден, кој ме среќава на секои 5 – 6 години и, кој на секое среќавање, со кого и да е, со кого и да сум – истиот коментар, реминисценции на нешто сосема безначајно, што се случило пред 20 – 30 години?
На првите патови, одеше вака:
“Лелееееј! Се сеќаваш пред некоја година“ (поминале пет, па десет, па 15…, никогаш повеќе не сме седнале заедно, ама стално – истото), „кога седевме во **** со ****? Лелееееј, Каква вечер беше тоа! Ме умре од смеење, ама па, и доста глупости тресеше.”
Како не се сеќавам? (Жими ташациве се сеќавам. Не памтам вчера што пазарев, а не пак, со која будала сум дрдорела некаде, некогаш, нешто.)


“ Ама супер беше, нели?”
• Да, да, да….
Па му се врти на придружникот: „Еј, да знаеш каква дружба беше тоа. Едни муабети, едно ѓезме, музика, а богами и пијачка – ихаа!“ (Превртува очи накај мене.) На придружников, здодевно, ама кој го прашува.
Денеска, истото како и претходните патови само што, после она „Лелеееј! Се сеќаваш…“ го подбрав:

• Добро бе, човек?! Се ожени, се разведе, па пак, се ожени… Па посвои мачка, па ти се родија деца, па се вработуваше ваму – таму, па беше и некој директорчич, па се сликаше со оваа – онаа, па ставаше туршија, па ја легна другарка и на онаа на која ти беше страв да и побараш, па стана уште позаникаде, па ти испоумреа врските во партија… Зарем се уште, се уште, таа глупава вечер, на која никој не се сеќава освен тебе е највозбудливото нешто што ти се случило до сега?! Си имал ли живот воопшто, во меѓувреме?! Зарем јас сум највпечатливата личност која си ја сретнал сиве овие години, па не пропушташ прилика да ме „споменеш“ на секое?! Зарем, немало ништо побитно што те иритира и нервира освен, една безначајна средба во некоја шкљ скопска биртија пред децении?! Гревче…
Остана подзинат. А тоа љубовникот, кој му глуми другар од детство, само си се изнасмеа под мустак самодоволно…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *