Сутерен.мк

Паника во Русија по најавената мобилизација

Според некои информации, Русија планира да мобилизира најмалку еден милион луѓе. Путин вчера инсистираше на тоа дека делумната воена мобилизација ќе влијае само на мал број мажи, додека рускиот министер за одбрана рече дека планот е да се регрутираат 300 000 мажи.

Веднаш штом беше објавено, на граничните премини се формираа редици: мажите способни да се борат бараат спас во странство – многу летови вчера беа распродадени, а луѓето масовно гуглаат како да скршат рака за да не одат во војна.

Во меѓувреме, руските власти издадоа специјално предупредување со кое им се закануваат на потенцијалните регрути со правни санкции доколку се самоповредат за да избегнат да бидат повикани во армијата.

Водечката руска авиокомпанија Аерофлот објави дека се уште не забранува патување на младите луѓе. Колони мажи кои се обидуваат да побегнат од земјата се снимени на московскиот аеродром Внуково. Речиси сите на возраст од 25 до 35 години биле проверувани на местото каде што се проверуваат пасошите.

Биле прашани дали ја купиле авионската карта пред или по најавата на Путин за мобилизација и дали имаат повратен билет. Засега не е познато колку од нив биле запрени при влегувањето во авионите.

Антон Герашенко, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави две фотографии направени на аеродромот Внуково.

„Дали ова е куп луѓе кои сакаат да се пријават?” прашува Герашенко на Твитер, очигледно мислејќи на аплицирањето за војска.
„Не, тоа се Руси кои сакаат да избегаат, ова се редиците на аеродромот Внуково во Русија. Русите не се подготвени да го соборат режимот во Русија, тие чекаат да го направат тоа Украинците“, напиша тој.
Руските безбедносни сили уапсија стотици луѓе на протестите против последната ескалација на претседателот Владимир Путин во неговата војна против Украина.

Откако рускиот претседател Владимир Путин вчера објави дека Русија прогласува делумна мобилизација, медиумите и социјалните мрежи објавија информација дека билетите на линијата Москва-Белград чинат неколку илјади евра, а се споменуваше и сума „на црно“ од 9 000 евра.

„Најниската достапна цена за билет во една насока за економска класа меѓу Москва и Белград е 397 евра, а најскапиот достапен билет во една насока за економска класа меѓу Москва и Белград е 567 евра“, се вели во соопштението на авиокомпанијата што го пренесува српските новинските агенции..

Најниската достапна цена на повратен авионски билет на таа линија во економска класа е 816 евра, а највисоката можна е 1156 евра, наведуваат од компанијата и додаваат дека тоа се цени во кои се вклучени сите даноци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *