Сутерен.мк

Последните пораки на Ентони Бордејн

Новата биографија на славниот кувар, ТВ лице и автор на книги, Ентони Бордејн (која во продажба излегува во октомври), обелодени во јавноста негови СМС пораки испратени во деновите пред да се убие.

Од нив може да се заклучи дека Бордејн многу страдал заради својата кариера, но и проблематичниот однос со својата девојка Азија Арџенте.

„Ги мразам своите обожователи. Мразам што сум славен. Си ја мразам работата“ и напишал Бордејн на поранешната сопруга Отавија, со која има ќерка и со која останал во добри односи и после разводот во 2016 година. „Осамен сум и жовеам во постојана неизвесност“, и допишал Ентони.

Дента пак, кога се самоуби и испратил прака на партнерката Азија: „ Можам ли нешто да направам?“

„Престани да ме гњавиш“, одговорила Италијанката, на што Бордејн само едноставно пишал „ок“.

Подоцна, истиот ден, тој се обеси.

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *