Сутерен.мк

Се и ништо

Зошто некој има се, а јас немам ништо? Некои се славни, некои богати, а јас не сум ништо. Зошто?

Нула

Нула дарлинг, затоа што тие ризикувале кога им се укажала прилика или ја создале приликата.

Се коцкале со својата слобода, со раатот на својот партнер, иднината на децата, честа на родителите.

Затоа што учеле, се развивале, биле интелигентни.

Затоа што татковците, мајките им оставиле солидна база.

Зашто биле добри економисти, кои не се глупирале со бесмислени кредити туку инвестирале кога позајмувале.

Зашто го мрднале задникот и на потврда столица не плашејќи се дека тоа ќе им ги воспали хемороидите.

Затоа што, вака или онака, се покажале похрабри од нас.

Чехов рекол дека нема праведно богатство, но јас би рекла дека има логично…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *