Сутерен.мк

Запознајте ја својата мрачна страна

Добро (внимателно и полека) погледнете ги осумте портрети и изберете го она лице, коешто најмногу ве вознемирува – не би сакале да го сретнете сами на улица ноќе, ви предизвикува страв, мачнина…

Потоа, прочитајте го објаснувањето со редниот број на ликот којшто сте го избрале.

Овој „Сондиев тест“ го има смислено Леополд Сонди, унгарски психијатар. Неговата шикзал-анализа (“schicksalsanalyse”) се смета за третата школа на длабинската психологија, покрај психоанализата на Фројд и аналитичката психологија на Јунг.

  1. Садист

Психолозите велат дека најверојатно, потиснувате непријатни искуства од детството, поврзани со вашето авторитативно однесување и потреба за доминација. Можно е да сте го потиснале своето понижувачко и навредливо однесување кон другите. Станува збор за личности кои се пасивно-агресивни кон луѓето кои би требало да им претставуваат авторитет.

  1. Епилептичар

Изборот на сликата под бројот два, покажува дека потиснувате голем бес со којшто сте се бореле во раното детство. Импулсивни сте, лесно и претерано избувнувате и многу е лесно човек да ве изиритира, а на прв (но само на прв) погред делувате како стабилна личност.

  1. Кататоник

Во потсвеста ви е потисната хиперактивноста од детството. Денес имате проблем да останете во контакт со реалноста. Имате претерано бујна фантазија и строг став пред јавноста, за да го избегнте покажувањето на своите ранливи страни.

  1. Шизофреник

Потиснато ви е чувството на тешка апатија. Најверојатно, сте го потиснале и она за рамнодушност кон другите и суровата изолација со која сте се соочиле во детството. Изгледате како дружељубива личност, но се чувствувате како вечен самотник. Верувате дека другите не ви се потребни, па социјалните односи ви се претежно површни.

  1. Хистерик

Однадвор делувате како скромна личност, наклонета кон духовниот свет. Меѓутоа, многу водите сметка за надворешноста и за тоа како му се претставувате на светот. Во суштина имате огромна желба по секоја цена да бидете во центарот на вниманието. Душевна храна ви е безусловното одобрување на околината, а емоциите ви се површни и нестабилни, нарцист сте и егзибиционист.

  1. Депресивец

Она што сте го потиснале е длабокото чувство на вина, неадекватност и инфериорност, коишто ве мачат од раното детство. Надворешно делувате како оптимист и весељак, но штом работите тргнат по неочекуван тек, се враќате во својот оклоп од меланхолија. Во суштина, без маската на „кловнот“ сте сомничави и мрзоволни.

  1. Манијак

Премногу сте ентузијастични, преотворени кон другите, се расфрлате со пари и ги преценувате своите можности. Тешко се контролирате себеси, па тоа ваше однесување лесно може да премине во манија. Од страна гледано, вие сте просечна личност – дискретна и дисциплинирана –  токму заради тоа што се обидувате да ги скриете своите ексцентричности.

  1. Дисоцијативно пореметување

Изборот на овој портрет значи дека потисната ви е желбата заедницата да ве прифати како член од спротивниот пол, а не во оној, во којшто сте родени. Веројатно во детството сте „заклучиле во фиока“ некој проблем со идентитетот, а можно е и да е полниот. За да го прикриете тоа, денес функционирате со претерано нагласување на полот во којшто сте родени.

Извор…

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *