Сутерен.мк

Невидлива јахта

Станува збор за концепт на пловило со должина од 88 метри, опремена со соларни плочи и практично со неограничен домет.

Форакис и неговиот тим ја планирале напредната технологија за да го постигнат нивото на одржливост и автономија без преседан.

Дизајнерите најавуваат изработка на роботизиран 3Д печатач за да создадат единствена основа за трупот и надоградба на пловилото.

„Резултатот е исклучително јака и лесна структура која може да се произведе со помалку енергија, материјали, отпад, простор и време, во споредба со традиционалната конструкција“, вели дизајнерот Џозеф Форакис.
Јахтата ја истакнува сребрено металик бојата, па како камелеон се „влева“ во водата, облаците и небото. Во одредени моменти делува невидливо.

Ентериерот е луксузен додека во централниот дел доминира „дрвото на животот“ (хидропонска градина) кое обезбедува свежа храна и го прочистува воздухот.

На највисокото ниво сместен е апартманот на сопственикот со голема приватна тераса.
Дизајнерите мислеле и на забавата, па планиран е и базен со целосни хоризонтални прозорци кои се претвораат во отворени тераси.

Во периодите без сонце, акумулираната енергија се користи за претворање на морската вода во водород којшто се складира во литиум-јонските батерии.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *