Сутерен.мк

Не можам ништо да ветам

Во нас има многу непознато, што често никогаш не се ни буди.

****

Со момчињата не вреди да се биде искрен, бидејќи не зборуваат на истиот јазик како нас. Припадноста на еден пол е слична како и припадноста на одредена држава.

****

Заради целиот овој мрак… не можам ништо да ветам… не знам. Но, треба да знаеш…

****

Јас сакав да бидам незаборавен спомен за него, подготвена да му го расипам бракот, со онаа недолжна суровост со која се одликуваат младите девојки, кои ни за момент не се колебаат на кантарот на животот да ѝ дадат предност на желбата да остават зад себе трага на незаборав и носталгија, над слабата утеха дека човекот кого го сакаат го нашол својот мир покрај некоја друга.

****

Значајните моменти во животот, како раѓањето, болестите, смртта, го имаат тоа својство да ве одвлечат во крајна баналност, и во уста да ви ги стават оние банални фрази, настанати од народните мудрости, кои подобро од мајчиниот јазик ги изразуваат нашите основни реакции.

****

Сакам да го зачудувам, тоа е толку лесно! Тој живее во свет на конечни поими, каде што работите и луѓето еднаш за секогаш се подредени во прецизно одредени категории.

****

Навратуваме и во бар: само алкохолните пијалоци и вино можат да го разврзат оној јазол во моето грло, со секоја испиена чаша стануваме сè поблиски, и забораваме на претстојната разделба.

****

„Што правиш ти тука Лозареш? Можеш ли тоа да ми го објасниш?“
„И самиот се чудам на тоа, но доколку ме слушаш, можеби ќе разбереш.“

****

Седеше наспроти мене на масата, стегајќи ми ги под масата моите колената со неговите, со бистар поглед – зарем не беше подготвен за целосно жртвување – но, во моите очи виде дека и подарувањето на неговиот целокупен живот нема да ми биде доволно.

****

Посакував да не можев да му одговорам веднаш, да му кажам дека треба да размислиме, дека не треба со неколку зборови да ја убиеме нашата разгорена љубов. Ме маѓепсуваше неговата безизлезност. Кој маж ќе ми даде толку благороден и луд предлог?

****

“Можеби ќе зажалиш што го отфрли сето она што бев подготвен да ти го дадам. Можеби твојата природа е премногу сложена за да бидеш способна да бидеш среќна.“

****
Оној кој се служи со разумни аргументи е оној кој помалку сака.

****

Од моите „најубави десет години“, барем пет поминале во состојба на несреќа. Тоа беше премногу, и сакав барем исто толку време да бев среќна.

****

Јас сум личност која за своја жал понекогаш е лишена од самољубие и која е подготвена да трпи несреќа: поминав повеќе несреќни години, додека не заклучив дека мојот брачен живот е неподнослив, и дека само ми нанесува штета. Во него до крај го потрошив својот главен капитал – страдањето.

****

Во деновите на несреќа не е најстрашно тоа што сте несреќни, туку што се наоѓате потполно лишени и од најмалиот елемент на безгрижност, неспособни да почнете да се смеете, со онаа луда насмевка од која застанува дишењето, и после која со последното длабоко издишување, ја исфрлате од себе целата напнатост.

****

„Беше тешко да се соземам, после последниот пат. Не сакам кога животот ќе ме надвладее. Не сум јас некој акробатски тип.“

****

На крајот всушност, сакате некого кој навистина и не постои, но кој е слика и прилика на вашите желби.

****

Имав илјадници убави сеќавања. Мразам убави спомени. Сакам убава иднина.

****

Кога и да видам вилионист кој со средниот прст изведува вибрато на својот инструмент, се присетувам на Роже и сличниот ефект на нашата љубовна игра.

****

Јас уживав во предиграта, а тој во тоа што следеше по неа. Можеби во тоа се гледаше познатата разлика помеѓу половите.

****

Да водевме ние нормален живот, би побарала мал одмор, но имаме толку малку време. Наспроти сите предвидувања, место да ја остварам целта, и да си одам со чувство на олеснување, јас, сè повеќе, чувствувам како нешто да ми е украдено.

“Во срце те носам”, Беноат Грул

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *