Фејсбук с(р)еќавања…
Може ли било која власт, да се нарече воопшто власт, доколку не успее да ни наметне лојалност кон државата?!
****
Јавноста суди со своите емоции, а не според здравата логика. Така што, тешко дека можеш да поднесеш тужба поради неповолни чувства.
****
Зошто никој, никогаш не вели, кога ќе му се роди дете: „Боже, со што јас заслужив да имам толку совршено дете?!“
А сите до еден, кога нешто е вон шините, велат:„ Боже, со што ја заслужив оваа казна??“
Зошто не сме благодарни? Зошто секогаш бараме виновници?
****
Конечно консензус дома:
– Поарно зетот да дојде со мотор, отколку со мотика.