Сутерен.мк

За милениумците, патувањето е поважно од кариерата или семејството

Анкетата била спроведена на над 1.800 Американци од пет различни генерации. Околу 49 отсто од милениумците одговориле дека патувањето е важна цел за нив во следните пет години. Тоа е поголем процент од која било друга генерација.

Според официјалните податоци, просечните милениумци кои порано студирале должат околу 42.637 долари за студирањето.

Многу припадници се соочуваат со финансиски проблеми и покрај напорната работа и образованието, па затоа, дел од нив се одлучиле да престанат да го бркаат американскиот сон и да се фокусираат на патувањето.

Во анкетата, 64 отсто од милениумците изјавиле дека една од главните цели за следните пет години е финансиска стабилност, а 61 отсто сакаат да го подобрат своето здравје. Само 24 отсто изјавиле дека имаат цел да започнат или да го прошират своето семејство, а 41 отсто имаат цел да напредуваат во кариерата.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *