Завршена е истрагата за Љупчо Палевски-Палчо кој е првоосомничен за двојното грабнување и свирепото убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.
Како што информираат од Обвинителството, по завршената истрага започнува да тече законскиот рок на Одбраната да изврши увид во доказите.
Јавен обвинител ќе предложи и спојување на судските постапки против вкупно петмина обвинети бидејќи, како шо велат оттаму, постојат законските основи предвидени во член 28 од Законот за кривична постапка.
„Со цел да се овозможи единственост на постапката, Обвинителството ќе побара одлагање на рочиштето закажано за 30 јули против четворицата претходно обвинети“, информираат од Обвинителство.
Истражната постапка е завршена и за уште едно лице осомничено за помагање по извршување на кривичното дело. Постапката против него ќе се води одвоено.