Кјара Атик, авторката на книгата „Modern dating: A field guide“ разговарала со млади мажи и направила листа со работите кои тие најпрво ги забележуваат кај една девојка
Лицето
Навикнати сме на истражувањата дека мажите прво се загледуваат во женското тело, а потоа ја проучуваат девојката во целост, но според ова истражување, кое се одвивало анонимно, мажите покажуваат една друга вистина. Мажите најпрво гледаат во лицето и во очи најчесто им паѓаат некои детали како погледот или насмевката на девојката. Повеќето од нив додаваат дека не можат да знаат што на лицето на една девојка ги привлекува, бидејќи тоа зависи од личноста пред нив и енергијата со која таа зрачи.
Убавината на телото
Кога станува збор за телото, повеќе од нив одговориле дека не сакаат совршено тело и дека секој сака одреден дел да е малку над просекот. Но, признаваат дека веднаш забележуваат дали станува збор за убаво и ускладено тело или дека девојката се запуштила. Дури откако ќе ја проценат девојката во целина, погледот им застанува на градите, нозете, рацете и задникот.
Стилот на облекување
Кога станува збор за облеката веднаш го забележуваат стилот, бидејќи од него можат веднаш да сфатат за каков тип девојка станува збор, што таа сака и што ѝ е важно во животот. На машките не им е важно дали станува збор за скапа облека, но важно им е девојката да има свој личен стил.
Гласно зборување
Никој не сака личности кои се трудат да бидат најгласни во друштвото, а на момците тоа им делува наметливо и агресивно. Па така, може да се забележи дека ова е негативна особина која би ги одбила поголемиот број машки.
Друштвото
Уште едно нешто по кое момците можат да оценат девојка е по друштвото, односно дали повеќе се дружи со машки или со девојки. Ако девојката е опкружена повеќе со машки пријатели, тоа е знак дека нејзиниот нов пријател може да не ѝ се допаѓа на романтичен начин, само затоа што со него е љубезна и отворена.
Детали и аксесоари
Покрај облеката, за мажите можат да бидат важни и деталите на вас. Па според истражувањето, едно момче кажува дека обожава девојки кои носат очила и дека тоа е првото нешто што би го забележал.
Контактот со очи
Последно, но не и помалку важно од останатите работи, мажите го навеле контактот со очи. Според нивните одговори, жените со погледот можат да дадат до знаење дека се заинтересирани за дружење, а одреден контакт со очите, може да значи и дека се заинтересирани за нешто повеќе.