Сутерен.мк

Дубаи чоколадото е со штетни состојки

Во примероците на таканареченото Дубаи чоколадо, увезени во Германија, пронајдени се многу штетни состојки, соопшти во четвртокот Министерството за потрошувачка на сојузната покраина Баден-Виртемберг.

„Од случаи на измами до опасности по здравјето, во првтие испитувања на ова чоколадо од увоз е пронајдено речиси сѐ“, рече министерот за заштита на потрошувачите на Баден-Виртемберг, Петер Хаук.

Во сите осум испитувања што ги испитувало покраинското Биро за хемиски и ветеринарни истражувања, беа пронајдени загадувања, алергени, вештачки бои и маснотија која не е како путерот од какао, единствената маст дозволена во чоколадо.

„Поради малиот број примероци, не можеме да зборуваме за тренд, но наодите се многу загрижувачки и нѐ поттикнаа да спроведеме пообемно тестирање“, рече Хаук.

Кај испитуваните Дубаи чоколади станува збор за производи увезени од Обединетите Арапски Емирати и од Турција.

Во некои чоколади е пронајден сусам, иако не бил деклариран на амбалажата, а во некои и палмино масло, коешто, исто така, не било декларирано како состојка во чоколадото.
Според анализата, чоколадото од Обединетите Арапски Емирати била контаминирано во текот на процесот на производство до таа мера што е непогодно за човечка исхрана.

Кај сите чоколади е пронајдено зголемено количество вештачки бои кои „сугерираат поголем процент на квалитетни состојки од вистинските“, односно кремот од ф’стаци.

Дубаи чоколадото е голем хит во Германија последните месеци и е еден од најпопуларните прехранбени производи на божикните базари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *