Пет златни статуетки за „Анора“ – романтичната драма во режија на Шон Бејкер е големиот победник добивајќи пет награди на 97-то доделување на Оскарите. Признанието за најдобра актерка падна во рацете на Мајки Медисон – главниот лик во филмот, а останатите четири награди „Анора“ ги доби за најдобар филм, најдобра режија, најдобра монтажа и најдобро оригинално сценарио.
„Исто така, сакам повторно да ја препознаам и поддржам заедницата на сексуланите работнички. Ќе продолжам да ги поддржувам и да им бидам сојузник. На сите неверојатни луѓе, жените кои имав привилегија да ги запознаам од таа заедница беше еден од главните моменти од цело ова неверојатно искуство“ вели Мајки Медисон, актерка
„Гледањето филм во театар со публика е искуство. Можеме да се смееме заедно, да плачеме заедно, да врескаме и да се бориме заедно, можеби заедно да седиме во опустошена тишина. И во време во кое светот може да се чувствува многу поделен, ова е поважно од било кога. Тоа е заедничко искуство, едноставно не добивате дом“ вели Шон Бејкер, режисер.

Филмот „Бруталист“ вечерта ја заврши со три награди, Адриен Броди го доби едниот оскар за најдобар актер. Во меѓувреме, бакнежот од 2003 година на Броди и актерката Хали Бери се повтори на црвениот тепих.
„И без разлика каде сте во кариерата, не што и да сте постигнале, сето тоа може да исчезне. И мислам дека она што ја прави оваа ноќ најпосебна е свеста за тоа и благодарноста што сè уште треба да ја работам работата што ја сакам“ вели Адриен Броди, актер
Во театарот „Долби“, шоуто започна со пакет филмски клипови кои му оддадоа почит на Лос Анџелес поради пожарите кои беа пред неколку месеци. На церемонијата следеше и настап на светските ѕвезди Аријана Гранде и Синтија Ериво.