Македонското малцинство во Бугарија бара признавање

На 27 ноември 2025 година, македонските претставници Стојко Стојков и Васил Стерјовски учествуваа на 18-тата сесија на форумот за малцински прашања на Обединетите нации.

Во своето кратко обраќање, проф. д-р Стојко Стојков потенцираше дека Македонското малцинство во Бугарија сè уште се соочува со негирање на постоењето и дискриминација, иако некогаш било официјално признато.

Тој нагласи дека денешната политика во Бугарија го исклучува малцинството од општествениот и политичкиот живот, а говорот на омраза кон Македонците е нормализиран и неказнет.

Стојков истакна дека недостатокот на малцински права и одбивањето на дијалог од бугарската држава создава конфликт со Северна Македонија и ја блокира нејзината евроинтеграција, а истовремено придонесува и за корупциски практики поврзани со бугарски државјанства.

„Оваа политика против Македонците денес е последната тоталитарна комунистичка политика во Европската Унија и мора да престане“, нагласи Стојков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *