Полицијата во калифорнискиот град првпат се соочува со ваков вид на кражба, во којашто осомничениот искористил роботски автомобил како возило за бегство.
Иако електричниот Џагјуар со најнапредна технологија е преполн со камери, полицијата во Сан Франциско ниту по шест месеци не успеа да го идентификува лицето од надзорните уреди во возилото. Оттаму упатуваат дека решението сепак е кај Вејмо.
По издаден налог за претрес, компанијата за посредување превоз со роботски автомобили ѝ ги предала на полицијата снимките од автомобилот.

Но, од снимките не може да се утврди идентитетот на престапникот. Додека полицијата го добила налогот, снимките веќе се избришале автоматски од системот во возилото. Вторите снимки, од надворешноста на возилото, дале само заматен приказ на лицата, заради заштита на приватноста.
Претставник на Вејмо соопшти за Хроникл дека компанијата „внимателно ги проверува барањата на органите на редот, за да се увери дека тие имаат законска важност, и по потреба, ќе поднесат приговор или ќе побараат полицијата да го стесни својот обем на истрага, со цел да се заштити приватноста на патниците.“
Менаџерот на студиото Јога, кој го објави видеото од кражбата, вели дека на видеото се гледа како роботско возило запира и од него излегува осомниченото лице, го чека пред студиото додека тоа ја врши кражбата и потоа заминува.
Не е првпат да се случи ваков вид кражба или злоупотреба на возило на Вејмо.
Во јануари 2025 година, крадец користеше возило на Вејмо во обид да ѝ побегне на полицијата по грабеж на колонијал.
Но, возилото тогаш ѝ помогна на полицијата и спречи престапникот да побегне. Роботските возила запираат кога ќе препознаат сирена или ротациско светло.