Кои земји нудат најдобри услови за среќен живот?

Организацијата Global Citizen Solutions изработи индекс со кој се проценува задоволството од животот на граѓаните во различни земји, врз основа на благосостојбата, слободите во матичната земја, можностите за патување и економскиот просперитет, како и здравјето и безбедноста.

Биле анализирани 50 земји, а на секоја ѝ била доделена вкупна оценка од 0 до 100. На првото место, како земја чиј пасош носи најмногу причини за среќа, се најде Финска, со оценка од 93,2, пишува Time Out.

Ова и не е особено изненадувачки. Финска редовно се наоѓа на врвот на светските листи на најсреќни земји, вклучително и на Извештајот за светската среќа (World Happiness Report), на чиј врв во 2026 година се најде деветта година по ред.

Исланд го зазеде второто место, а Данска третото, што е ист истиот редослед како и во овогодинешниот Извештај за светската среќа. Тие добија оценки од 92,4 и 92,1.

Европските земји доминираат меѓу десетте пасоши што постигнале најдобри резултати на овој индекс. Единствените исклучоци се Нов Зеланд, на осмото место, и Сингапур, на десеттото.

10 земји со највисок индекс на среќа

  1. Финска

  2. Исланд

  3. Данска

  4. Норвешка

  5. Швајцарија

  6. Шведска

  7. Холандија

  8. Нов Зеланд

  9. Австрија

  10. Сингапур

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *