Сутерен.мк

И Холандија почна со вакцинација

Медицинска сестра од дом за дементни лица е првиот жител на Холандија кој ја прими вакцината Фајзер/Бионтек. Со тоа денеска започна вакцинацијата и во оваа земја иако, во Европската унија ваквиот вид на заштита од корона – вирусот се применува веќе две недели!

Холандската влада трпи големи критики заради доцнењето со вакцинацијата и фокусирањето на на вакцината на Оксфорд и Астразенека, која е лесна за ракување, но се уште не е одобрена од ЕУ.

Вакцината Фајзер/Бионтек бара чување на исклучително ниска температура и е единствената до сега одобрена од Унијата. (Најблиску до следно одобрување е онаа на Модерна.)

Од почетокот на пандемијата до сега од Ковид -19 во Холандија се починати близу 12 илјади луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *