Селма Бориќ, жената од култната песна на „Бјело дугме“ почина во својата 92- ра година.
Веста за нејзината смрт ја соопшти Жељко Бебек на својот Фејсбук профил.
Автор на стиховите е Владо Дијак, кој бил вљубен во Селма кога таа имала 16 години (и копнеел по неа цели четири години потоа), а создадени се после неговото помагање таа да се качи на воз.
Селма е родена во Зеница, а до својата смрт живееше во Загреб.
Владо Дијак е роден во 1925 година во Брезово поље, а почина во 1988 година во Сараево и беше познат југословенски поет и текстописец. Никогаш не и кажа на Селма дека ја сакал.