Сутерен.мк

Дали е вашиот брак добар?

Различни луѓе, различни култури, различни односи! Меѓутоа, тврдат социолозите, а ги препорачува американската адвокатска канцеларија за семејно право „ SmolenPlevy“, постојат десет основни знаци за да препознаете дали сте во здрав брак или врска…

  • Добра комуникација

Врската во која и двајцата партнери умеат како да комуницираат меѓусебно дури и во тешки времиња, како пандемија и други кризи, предодредена е на успех!

  • Одржување на блискост

Блискост не значи страст и секс, туку отворен разговор, разбирање и толеранција кон партнерот, волја за другиот да биде задоволен.

  • Компромис

Способноста да се најдете на половина пат со партнерот во текот на кавга е добар знак дека вашата врска е здрава!

  • Искусувате нови работи заедно

Бракот кој е возбудлив – во креветот (не значи сексот да биде чест, туку креативен), со патувања, разговори, правење заедно нешта во домот… е добар брак!

  • Му се смеете на животот в лице

Заедничката смисла за хумор е една од клучните работи за една врска да биде долготрајна и квалитетна! Двојките кои често се смеат заедно се најзадоволните луѓе на светот!

  • Одвоени интереси

Колку што заедничките интереси помагаат бракот да биде долгорочно одржлив, исто толку се важни и одвоените: засебно хоби, засебни пријатели, засебни излегувања…

  • Доверба

Станува збор за тоа да немате никакво сомневање во она што партнерот ви го зборува, да не крие каде ги троши парите, да му верувате дека на вашите деца им го мисли само најдоброто!

  • Почит

Многу од браковите и врските се од отворен тип (особено после децении заеднички живот), но тоа не значи дека во нив треба да отсуствува почитта! Доколку отворено се зборува за „излетите“ надвор од партнерството, тоа само уште повеќе ќе го зацврсти истото!

  • Исти цели

Парите се една од најчестите причини за развод, па е особено важно партнерите да имаат сличен поглед за заработувањето и располагањето на финансиите!

  • Слични навики

Ниту еден брак нема да успее, доколку „едниот е на клинецот, а другиот на плочата“! Слично на слично се радува така што, заборавете ги приказните од типот „битанга и принцеза“!

                                                                                                                                               

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *