Истражувањата што ги спроведоа од универзитетот Нотр Дам во Индијана, САД, врз повеќе од 230 најчесто користени козметички производи, дадоа тотално загрижувачки резултати!
Имено, повеќе од половина од производите што се на пазарот на Северна Америка и Канада содржат токсични супстанци, кои можат да предизвикаат сериозни болести меѓу кои и рак или оштетување на плодот кај бремената жена, која се шминка!
Накусо, во над педесет отсто од тестираните производи, како пудра за лице, маскари, кармини, сенки за очи… пронајдено е високо ниво на токсични материјали кои се користат за изработка на садовите за домаќинство со нелепливо дно, теписи, пегли и слично…