Kој град на планетата е најколоритен?

Анализата, која е направена врз основа на дневни фотографии без силни филтри, покажа дека Лисабон му ја должи својата титула на специфичната архитектура. Пастелните згради, фасадите прекриени со познатите azulejo плочки и легендарните жолти трамваи кои поминуваат низ тесните улици на Алфама, создадоа победнички визуелен идентитет кој камерата го обожава.

Португалија доминира на листата, бидејќи на третото место се најде Порто, благодарение на своите теракотни покриви и култните шарени куќи по должината на реката Доуро. Помеѓу двата португалски фаворити се вметна Куала Лумпур, кој нуди драматичен контраст меѓу модерните облакодери и традиционалните храмови, како оние кај пештерите Бату со познатите скали во боите на виножитото.

Топ 5 најшарени градови во светот:

  1. Лисабон, Португалија (2,6 милиони бои)
  2. Куала Лумпур, Малезија
  3. Порто, Португалија
  4. Картагена, Колумбија (позната по жолтата кула со часовник и балконите полни со цвеќиња)
  5. Рио де Жанеиро, Бразил (со над 2,3 милиони бои и познатите скали Селарон)

Интересно е што меѓу 15-те најшарени се најдоа и градови од нашето соседство како Дубровник, но и метрополи како Барселона.

Додека американските градови (како Хавана и Антигва) се потпираат на живописната архитектура, Њујорк на листата доспеа благодарение на неонските светла и рекламите кои креираат специфичен колорит.

Така што, доколку планирате одмор каде што филтрите на Instagram нема да ви бидат потребни, правец Португалија. Се чини дека таму бизнисот на туризмот и естетиката се поклопија на најубавиот можен начин.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *