Фејсбук с(р)еќавања…
Одредена ароганција е дозволена само кога некој ќе направи чекор напред. Вулгарно е кога не сте направиле исчекор, а полни сте со себе што одите на високи штикли.
****
Си бил едно големо ништо, па си станал едно мало нешто. Па пак, големо ништо. Не бе дечко, не си ти ни лут, ни разочаран. Ти си збунет…
Не може да има помирување, нит договор, со некој кој никогаш не се плашел дека ќе изгуби нешто.
****
Не постои ништо таканаречено. Штом има име, тоа живее. Таканаречено го користат оние кои не сакаат, не можат нешто да признаат, одобрат, објаснат.
****
Државата, која си ги изеде сопствените граѓани.
****
Ај, ќе ве молам нам, кои живееме на гранки уште еднаш објаснете ни кој и што е урбан лик?
****
И, јавете ми кога првата фаза на нормализација на ненормалниот јавен дискурс на животов ќе биде речиси, завршена.