Фејсбук с(р)еќавања…
Селф-хелп литературата денес е секуларна религија. Негативните животни состојби и расположенија станаа не проблематични, ами психопатолошки. Завладеа терор на позитивниот животен став.
Најобичните животни проблеми луѓето денес ги доживуваат како клинички ентитети. Се рашири митот дека психотерапевското – „работа на себе„ ги ослободува модерните луѓе од непотребните инхибиции, а всушност, само им дава алиби за неодговорноста кон блиските.
Наакусо, популарната психологија не им се обраќа на личностите со пореметувања, туку ги „лечи“ нормалните.
Иако кај некои луѓе книгите за популарната психологија го намалуваат стравот од одењето во психолошко советувалиште, почесто тие делуваат обратно: да се нема доверба во психолозите и во психотерапијата, која пак, станува повеќе од потребна денес.
Меѓу американско – канадските експери веќе преовладува мислењето дека повторувањето н позитивните „мантри“ кај значителен број на луѓе довело до хронични депресивни состојби.
Секој човек е засебна единка. Не може иста книга да важи за сите.
„Биди внимателен кога читаш книга за човековото здравје. Можеш да умреш поради печатна грешка“ – Марк Твен.
Преполно е книги за самопомош. Како до сега не покажаа значителни резултати и, како секој ден ги има се повеќе?! Зарем ниту една до сега не вредеше?!
Секако дека позитивното размислување е корисно, но доколку не ги засукате ракавите, ништо од фантазиите.
Една од последните книги што се занимава со оспорувањето на изданијата за самопомош е и „Измама: како самопомошта ја направи Америка беспомошна“ од Стив Салермо.
Во кризни времиња ( а богами, ние ни ни излеговме од нив), како пиреј се појавуваат бајачи, гатачи, хороскопчии т.е. обични скрибомани кои „имаат“ решение за секој наш проблем.
Тие таканаречени пророци наводно, ја откриле „тајната“ за среќен живот која била скриена илјадници години, но ете, токму сега, токму ним им е откриена и сега ни ја доверуваат нам, во милиони примероци.