Сутерен.мк

„Нацизмот“ на Амазон

Компанијата Амазон го смени главниот логотип на апликацијата за купување после реакциите на купувачите на кои последниот редизајн им заличи на Адолф Хитлер.

Иконата на апликацијата беше објавена во јануари о.г. и на неа е дел од сина лента поставен точно над препознатливото „насмеано“ лого на фирмата. Меѓутоа, бројни беа оние кои лентата ги потсетувала на мустаќите што ги носеше нацистичкиот водач.

Следејќи ги реакциите на муштериите, овој технолошки гигант го смени дизајнот. Од компанијата за Би – Би – Си изјавија дека првобитната верзија била пуштена во неколку земји, по што ја извршиле промената.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *