Кога последен пат сте биле на место каде што навистина било тивко? Звуците од автомобилите, разговорите на соседите, сообраќајната бучава и останатите звуци од секојдневието толку многу ни станаа дел од животот што вистинската тишина често ја забележуваме дури кога ќе побегнеме од градот.
Токму затоа, нова анализа објави список на земји во кои може да се најде нешто што денес станува сè повредно – мир и тишина, пишува Euronews.
Според индексот Noise-Free Nations, изработен од туристичката компанија Go2Africa, најтивка земја во светот е Бутан, додека меѓу европските земји најдобро е рангирана Естонија.

Десетте најтивки земји во светот:
- Бутан – 89,44
- Намибија – 86,69
- Боцвана – 80,86
- Замбија – 80,64
- Габон – 80,61
- Венецуела – 80,20
- Чад – 79,82
- Централноафриканска Република – 78,18
- Монголија – 75,53
- Боливија – 75,40
Петте најбучни земји:
- Сингапур – 6,78
- Малдиви – 8,48
- Барбадос – 10,12
- Катар – 15,45
- Либан – 18,13
Второто место на листата на најбучни земји им припадна на Малдивите, што можеби ќе ги изненади оние кои оваа островска држава ја поврзуваат со мир, одмор и тишина.
Сепак, главниот град Мале е едно од најгусто населените места во светот.