Двајца новинари за борбата за заштита на слободата на говорот во услови на зголемена репресија против независното новинарство во нивните матични земји, се добитници на Нобеловата награда за мир за 2021 година!
Еден од добитниците на престижната награда-Русинот Дмитриј Муратов, главен уредник на „Новаја газета“.
Вториот победник е Филипинката Марија Реса, основач на „Раплер“.
Според формулацијата, тие беа почестени за „нивните напори да ја заштитат слободата на говорот и изразувањето, кои се основни услови за демократија и светска стабилност“. И двајцата се познати по храбрите истраги, кои ги налутија владините претставници во нивните матични земји и беа предмет на сериозни закани.