Првиот лаптоп на „Нокиа“ ќе биде „PureBook Pro“, кој ќе има елегантен дизајн, процесор „Intel Core i3“ од 12-та генерација и прифатлива цена!
Иако овие лаптопи ќе го носат брендот на „Нокиа“, тие ќе бидат дизајнирани од француската стартап компанијата „OFF Global“.
Првично во понуда ќе има модели од 15,6 и 17,3 инчи, но би можеле да видиме и помали „Nokia PureBook“ лаптопи, во зависност од успехот на серијата.