До сега на Евровизија се претставени 1 500 песни, па на еден нејзин фан би му требало цели три дена за да ги преслуша сите.
Со седум победи Ирска е најуспешната земја на ова натпреварување, а Шведска победила шест пати. Луксембург, Франција, Холандија и Велика Британија имаат по пет победи.
Што се однесува до екс – ЈУ, по една победа имаат некогашната Југославија и Србија.
Најуспешно деби имала Полска во 1994 година кога веднаш го освои второто место.
Во историјата на Евровизија најнеуспешна е Норвешка, која после гласањето последна била дури 11 пати!