Сутерен.мк

Сомнителна сексуалност

Моето момче е топ во секој поглед, дури ми се чини дека е и премногу. Постојано мисли на својот физички изглед, од фризура, до кожа, тело, гардероба и често е пред огледалото. Знае се што според мене, би требало жените да го знаат, а не обратно. Како да дознаам дали е можеби, геј?

С.И.

С.И. дарлинг, не се разбирам многу од денешниве нови категории, ама колку што ми фаќа црпкава, ми изгледа сосема ин денес да се има партнер кој е геј.

Ем е стокмен од глава до петици ем, муабетчија што ги знае најпикантните озборувања во градов ем, најдобрите места за излегувања, ем е совршен придружник за шопинг ем, се допаѓа на сите тетки и останата женска родбина во години, во радиус од најмалку сто километри.

Ма, наместо своето главче да го заморувате со непотребни прашања, искористете го човекот максимално! Особено, ако сексот ви е добар. Иако, мислам дека овде се работи за она што последнава деценија се нарекува метросекуалец, а тоа нема многу врска со сексуалната определба.

Искрено малку ми се смачува од овие андрогени модни инстанти (стануваат фрустрирачки за жените) и се надевам дека ќе се случи некој голем пресврт во рекламите на козметичките производи па, наместо Бекам, ќе го видиме во истите, Хју Лири, на пример. Зашто, како што тргнале работиве, не сме далеку од тоа мажите во парови да заминуваат во тоалет за да си го напудрат носот. Се расприкажав..

Всушност, се додека вашите кутивчиња се побројни од неговите, немате проблем, а како да проверите дали е некој хомосексуалец или не!? Немам поим. Можеби ќе заврши работа, ако го натерате да избере шапка за вашата мајка и, ако ја погоди, ќе да е…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *