Експертот за однесување на кучиња Вил Атертон откри кои три раси, според неговото искуство, се сметаат за најпослушни и најсоодветни за семејства со деца. Како клинички експерт за однесување на кучиња, тој забележал дека кај одредени раси проблемите во однесувањето се појавуваат значително поретко отколку кај другите.
Првите две раси на неговата листа веројатно нема да ги изненадат љубителите на кучиња, но третата за многумина би можела да биде неочекуван избор.
Поради својата блага природа и големата желба да му угодат на сопственикот, лабрадорите често се прв избор на семејствата со деца.
Златен ретривер
Според Атертон, приказната е многу слична и кога станува збор за златните ретривери. Иако со лабрадорите делат многу одлични особини, златните ретривери се малку поразиграни, повесели и попалави, додека лабрадорите честопати се посериозни.
Станува збор за пријателски расположени кучиња кои сакаат да соработуваат со луѓето и, по правило, многу добро реагираат на дресура, истакнува експертот.
Лабрадор ретривер
Лабрадор ретриверите се исклучително популарни кучиња, а Атертон смета дека тоа е најдобрата раса на светот. На шега додаде дека е вистинска штета што кај нив има толку малку проблеми во однесувањето, бидејќи би сакал почесто да работи токму со оваа раса.
Стафордски бул териер

Расата што многумина би можела да ги изненади на оваа листа е стафордскиот бул териер. Доколку растат со правилно воспитување и насочување, овие кучиња најчесто се исклучително приврзани, лојални и со стабилен карактер.
Според Атертон, оваа раса, за жал, има незаслужено лоша репутација. Меѓутоа, со соодветна социјализација и доследно воспитување, стафордскиот бул териер може да стане одлично семејно куче.