Сутерен.мк

Како после вакцинирањето?

Двете дози од вакцините против Ковид – 19 за многумина значат враќање на секојдневниот живот со помалку ограничувања и грижи. Меѓутоа, тоа не значи и тотално понатамошно невнимавање!

Веројатноста дека целосно вакцинирана личност ќе биде позитивна на ПЦР тестот е ниска, но не е исклучена, се вели во соопштението на германскиот Институт Роберт Кох, кој се занимава со контрола и превенција од болести.

Тоа е една од причините зошто вакцинираните и понатаму треба да држат дистанца и носат маски во друштво на невакцинираните (или нецелосно вакцинираните), затоа што, иако ретко, тие можат да бидат носители на вирусот!

На места каде што се собираат многу луѓе, како јавниот превоз, сите мораат да бидат внимателни.

Доколку вакцинираните се во друштво на невакцинирани се советува претходно сите да се тестираат. На поголеми настани (свадби, крштевки, сунети, партиски собири…) ризикот за зараза расте и за вакцинираните. Бидејќи не е познато дали некој има во себе некој коморбидитет, најдобро е сите да се тестираат, препорачуваат експертите.

Подолу се рендген снимки на двајца пациенти со Ковид – 19, што ги објави инфектологот д-р Џеси О’Ши на својот Инстаграм профил.

Горната слика е од 47-годишен маж (со вишок килограми), вакциниран со Фајзер и заразен со коронавирусот после две недели. Имал болки во телото, блага кашлица и течење од носот. Рендгенот од градниот кош му е релативно нормален.

Втората слика е од 50-годишна пациентка, со нормална телесна тежина, која не зема никакви лекови. Нејзините бели дробови се значително оштетени од инфекцијата со Ковид – 19 и, и била потребна интубација, механичка вентилација и екстракорпорална мембранска оксигенација!

Накусо, вакцинираните и понатаму можат да се заразат со коронавирусот, но податоците потврдуваат дека тие обично имаат лесни симптоми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *