Славната холивудска двојка, Пенелопи Круз и Хавиер Бардем, родители се на две деца (Лео, 10 години и Лена, 8 години), на кои им имаат забрането да користат социјални мрежи!
Пенелопи и самата многу малку ги користи плаформите за дружба, но уште построга е кога станува збор за нејзините деца: „Секако дека гледаат филмови и цртанки, но не користат мобилни телефони и никакви социјални медиуми! Пред да наполнат 16 години нема ни да припарат до таквите плаформи! Нивниот мозок се уште се развива и ова е мојот начин да го заштитам нивното ментално здравје!“