Сутерен.мк

Бајпас

Фејсбук с(р)еќавања…

Се ми е поинаку последниве денови. Некаков скриен ловец на совеста и искушението, кој се спушта во подземниот свет на мојата душа чувствувам, ровари.

Не кажува ниту еден збор, не ме погледнува, а сепак, заведува, привлекува, лаже. Бара, да го следиме ние – самодопадливите, да се збиеме до него, да го љубиме.

И знам, тој дух ги замолчува грубите души и несмасната и пребрза рака ја учи на воздржаност и нежност. Зашто само така, ќе го извади закопаното под непробојниот мраз и дебелата кал.

Она, од чијшто допир си заминуваш можеби понесигурен, понежен и покршлив, но полн надежи кои се уште немаат име. Полн нова волја за враќање назад!

Неунесреќен и смачкан од туѓите добрини, желен за нови гревови!

Го слушам како ми вели:„ Во одредени прилики, го сакам човекот.“

Лицето на сопругот наеднаш се појавува над мене со најубавите очи што некогаш сум ги видела, упорно скриени зад фенси очилата со диптрија.

Зборува нешто и знам и без да го разберам, дека тоа е нешто што 20 години ми е веќе во главата. Таман да го замолам да го смени барем тонот на гласот, до мене допираат зборовите:

„Имаш бајпас Бране, бајпас…“

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *