Сутерен.мк

„Биди моја љубов на дождот“, порача Илон Маск

„Биди моја љубов на дождот“, напиша Илон Маск пред два дена кога беше објавено преземањето на Твитер од негова страна. И тоа беше неговиот прв твит како газда на оваа платформа…

Потоа се врати на темата слобода на говор.

„Се надевам дека и најжестоките критичари ќе останат на Твитер бидејќи тоа значи слобода на говорот“, твитна тој.

Илон Маск на Твитер го следат повеќе од 86 милиони луѓе, додека од нив тој следи само 114.
Маск ги следи најавите на неговата популарна мајка Маја Маск и сестрата Тоска, а ги следи и Канје Вест, Џо Роган и Џек Дорси, како и НАСА, Саут Парк и неколку научни профили. Има и официјални профили на неговите компании Тесла и Спејс Екс.
Маск ја следи и својата партнерка Грајмс, но и неговата поранешна сопруга Талула Рајли, со која се оженил двапати, а на листата се и официјалните профили на неговите омилени криптовалути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *