Сутерен.мк

Вакцина е збор на годината

Поимот „vax“ и изведенката „vaxxed“ („вакцина“ и „вакциниран /-а, -о, /-и“) се избрани за поим на годината, според лексикографите на Оксфордскиот речник на англискиот јазик (ОЕД), пренесува Би-би-си!


Употребата на зборови поврзани со вакцините нагло се зголеми во 2021 година поради Ковид-19, при што особено често се користат помите „двојно вакцинирани“, „невакцинирани“, „антиваксери“ итн. Главната уредничка на ОЕД, Фиона Мекферсон смета дека, бидејќи „оставил највпечатливо влијание во општеството“, зборот бил нивниот очигледен избор.
Инаку, и „vax“ и „vaxx“ се прифатени во англискиот правопис, но зборот со единечното ‘х’ е почест во употреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *