Сутерен.мк

Валентино продолжува без крзно

Италијанската модна куќа Валентино извести дека од следната година нема да користи крзно во своите модни колекции.

Во соопштението се вели дека компанијата за последен пат ќе употреби природно крзно во колекцијата есен/зима 2021/2022- ра.

 

На овој начин Валентино го следи примерот на другите луксузни брендови како Прада, Версаче, Гучи и Армани, кои во своите колекции веќе го имаат исфрлено крзното поради се поголемата чувствителност на купувачите околу правата на животните и заштитата на природната околина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *