Сутерен.мк

Вечерва почнува Европско!

Боно Вокс и Еџ од „Ју-Ту“ и светски познатиот диџеј и продуцент Мартин Гарикс со виртуелна изведба на песната „Ние сме луѓето“ ќе го означат почетокот на Европското фудбалско првенство.

Веднаш потоа, на стадионот Олимпико во Рим ќе се одигра и првиот натпревар на Првенството меѓу Италија и Турција.

Во недела пак, репрезентацијата на Македонија ќе го има своето деби против Австрија во Букурешт.

„Ние сме луѓето“ е официјална химна на ова Првенство, а нејзин автор е холандскиот диџеј, кој како гости ги покани ирските рок ветерани, чија репрезентација не успеа да се пласира на ЕП.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us