Има многу малку јадења што врескајќи – „мама, траторија, карирана црвено-бела покривка за маса“, ја отелотворуваат Мала Италија во Њујорк, како оваа класика. Сувенир од нашите патувања, ова пријатно парче кулинарска носталгија е совршен противотров за зимскиот блуз. Искрено, подобро е од здодевна чорба.
Супер лесно се прави и е супер вкусно. Ако го замените лебот со малку боранија „ал денте“ или крцкава салата, станува кето. Се најубаво на едно место. Рокнете Мамбо Италиано и гответе!
Состојки
– 2 парчиња пилешки гради.
– 2 јајца.
– Половина пакување крекери без глутен, искршени, за да ги заменат лебните трошки.
– Путер и маслиново масло за пржење.
– 240 гр пармезан (половина за смесата за панирање, половина за кората).
– 2 парчиња моцарела.
– 125 гр рендан чедар.
– 700 гр домати пасата.
– Лук во прав (1/2 мало лажиче).
– Сол.
– Бибер.
– Оригано (неколку прстофати).
– 1 ½ мало лажиче шеќер.
Чекор по чекор
– Пилешките гради засечете ги на средината и отворете ги, како пеперутка што ги шири крилјата.
– За панирање, изматете 2 јајца, искршете половина пакување крекери без глутен и подгответе сад со рендан пармезан.
– Пилешките гради потопете ги во јајце, па во безглутенска презла, па повторно во јајце и на крај превртете ги во пармезанот.
– Пилешките гради пропржете ги на средна температура, во мешавина од путер и маслиново масло, додека не поруменат.
– Зачинете ја пасатата со шеќер, малку сол, бибер, лук во прав и оригано и истурете ги на дното во сад за печење.
– Во сосот ставете ги пилешките шницли.
– Посипете ги со смесата со сирење.
– Се пече во претходно загреана рерна на 200 степени додека кашкавалот не добие златна кора и сосот не кркори.
Мммммм, just like a mama used to make it! („Исто како што го правеше мама“, ама со италијански нагласок.)