Сутерен.мк

Го голтнал кит, па го плукнал?!

Мајкл Пакард поминал нецела минута во устата на морскиот гигант блиску до брегот на сојузната американска држава Масачусетс, пишува Би – Би – Си.

Пакард, кој бил голтнат од грбав кит, па од истиот и исплукан е ловец на јастози и кога му се случило „киднапирањето“ мислел дека го лапнала некоја ајкула, ама по неколку секунди сфатил дека животното во чија утроба е, нема заби.

Пред Мајкл да премине во стомакот на животното, китот излегол на површината на водата и исфрлил се што му се наоѓало во устата, па и рибарот.

Грбавите китови се хранат така што ширум ја отвораат устата за да проголтаат што повеќе плен, обично риби.

Научниците сметаат дека она што му се случило на Пакард е неверојатна случајност всушност, дека до сега не е забележано дека кит проголтал човек?!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *