Сутерен.мк

Дали ви фалат омега-3 масни киселини?

* Сувата кожа може да биде ран предупредувачки знак дека на вашето тело му недостасуваат омега-3 масни киселини.

Иако дехидрацијата е најчеста причина за сува кожа, таа редовно се поврзува со недостаток на омега-3 масни киселини. Имено, тие се одговорни за одржување на здрави клеточни мембрани, што ја вклучува и нивната способност да ја задржат влагата. Акните се поврзани и со недостаток на омега-3 масни киселини – се смета дека ова се должи на зголемување на воспалението.

Некои истражувања покажуваат дека дополнувањето со омега-3 масни киселини може да помогне при егзема и псоријаза, токму поради нивната способност да го намалат воспалението во телото.

* Ако претходно здравата и сјајна коса стане сува, нема сјај, се превиткува, а врвовите почнуваат да се делат или косата почнува да се истенчува – тоа може да се симптоми на недостаток на омега-3 масни киселини. Истражувањата покажуваат намалено опаѓање на косата кај жените како резултат на суплементација.

* Бидејќи омега-3 масните киселини произведуваат антиинфламаторен одговор во телото, се верува дека болките и вкочанетоста во зглобовите, особено оние предизвикани од ревматоиден артритис, може да бидат знак за недостаток на омега-3 масни киселини.

Студиите потврдуваат дека правилната суплементација ги ублажува симптомите кај луѓето со ревматоиден артритис и болки во зглобовите поврзани со лупус.

* Тешкотиите со концентрацијата или меморијата може да укажуваат на недостаток на омега-3 масни киселини, а со него се поврзуваат и Алцхајмеровата болест и деменцијата.

* Истражувањата покажуваат дека ниските нивоа на омега-3 масни киселини се поврзани со депресија, како и со други психијатриски нарушувања како што се биполарно растројство, шизофренија и нарушување на вниманието и хиперактивност (АДХД).

* Синдромот на суво око, инаку една од најчестите очни болести, е поврзан со недостаток на омега-3 масни киселини.

* Заморот е вообичаен знак за недостаток на омега-3, а истражувањето за ефектите од суплементацијата на омега-3 врз лупусот (кој се карактеризира со болки во зглобовите и замор) покажа дека омега-3 масните киселини можат да помогнат во ублажувањето на двата симптома.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *