Одлични резултати за македонската репрезентација во традиционално карате на ИТКФ интерконтиненталниот куп во Вроцлав, Полска, освојувајќи пет медали од кои два златни, еден сребрен и два бронзени.
Камелија Недев се закити со два златни медали во кати и кихон ипон кумите за деца 12-13 години.
Потоа, Софија Јарчевска дојде до среброто во кихон ипон кумите за деца 12-13 години.
Бронза освои Филип Недев во џиу ипон кумите за деца (10-13 години), како и Максим Поп Трпев во кихон ипон за деца (8-9 години).
На ИТКФ интерконтиненталниот куп се натпреваруваат 700 каратисти од 25 земји. Во тек се натпреварите во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција.