Олимпискиот вицепрвак, македонскиот натпреварувач во Таеквондо категорија, Дејан Георгиевски, освои златен медал на отвореното првенство во Тирана.
Дејан Георгиевски беше стандардно добар во својата конкуренција (87+), па си ги „редеше“ противниците. Во финалето си закажа дуел против францускиот натпреварувач Ел Омари, кој го доби со 2:1 и освои ново злато.
Георгиевски од натпревар во натпревар, од турнир во турнир е се подобар и има се поголемо име во меѓународниот спорт.
„Силен чекор напрад кон нова блескава историја за македонскиот спорт, ЛОИ во Париз 2024“, стои во објавата на Теквондо федерацијата на Македонија.